send link to app

Поврзи ги точките


4.4 ( 624 ratings )
Освіта Ігри Сім’я Головоломки
Розробник: Katerina Dimev
5.99 USD

Поврзете ги точките е мала енциклопедија за животни со која ја учите азбуката и вежбате броење. Апликацијата содржи слики и звуци од животни и интересни факти и видеа за нив. Оваа едукативна забавна игра е корисна за децата од предучилишна возраст затоа што им помага при решавање на проблеми и моторни вештини и ги учи на правилен изговор.

Теми:

Море – дали знаевте дека октоподот има осум нозе, дали некогаш сте виделе лигњи како пливаат во морето или сте слушнале како се смее делфин, добро сега ќе дознаете.

Фарма – веројатно сте играле со мачка и куче, но се обложуваме дека не знаете некои забавни факти за нив, дали некогаш сте слушнале каков звук испушта камилата или сте виделе ној?

Савана – дали сакате да видите пчела која стои на цвет, да слушнете вресок на волк, да научите неколку факти за нилскиот коњ, носорогот, зебрата и многу други.

Шума – дали сакате да дознаете повеќе: за кралот Лав, за страшниот тигар, за смешниот мајмун, за симпатичната панда и многу други?